Пет обвинители ќе образложуваат зошто СЈО се откажал од „Пуч“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Средбата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски траеше околу половина час. На средбата се договарала динамиката со која Јанева ќе го достави и ќе го образложи предметот „Пуч“ и нивната одлука за откажување од обвинението.
Како што истакна Аневски, со Јанева се договориле идната недела повторно да имаат состанок. Советот го побарал цел предмет поради што Јанева и уште пет обвинители ќе мора до Советот да ги образложат причините за откажување од обвинението. Јанева не даде изјава, само кусо рече дека повеќе детали ќе бидат соопштени на состанокот или по средбата со Советот.
По претставка од МВР, Советот на јавни обвинители во јануари побара од СЈО да ги образложи причините зошто се откажува од „Пуч“.
Извор: 24Вести