Правдико

   

Пет причини зошто Грција останува во еврозоната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од смената на власта во Атина „часовите на вистината“ се менуваат молневито. Европа никогаш не била толку поблиску до излез на Грција од еврозоната. Но, има 5 силни причини зошто до тоа нема да дојде, смета Макс Хофман.

0,,18362710_303,00

1. „Грексидент“ воопшто не е толку едноставен

Во текот на изминатите месеци постојано се слушаше дека ако Грците не успеат да испочитуваат еден рок за отплата на долговите кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), тогаш официјално се банкрот, банките затвораат и во сила стапува неизбежен автоматизам. Но тоа не оди така. Шефицата на ММФ Лагард нема веднаш да застане и да прогласи банкрот на Грција. Такво нешто мора да биде формално направено, за тоа се неопходни барем неколку дена. Дури и тогаш, доколку Грците се колнат дека ќе се подобрат, Лагард се‘ уште има простор за политички потези. Грција против волјата на сите се збогува од монетарната унија „несакајќи“? Толку беспомошни институциите сепак не се.

2. Излезот нема да биде задолжително и поевтин

Грците исчезнуваат од монетарна унија – и што тогаш? Ризиците од „зараза“ и натаму ќе постојат. Шпекулантите би можеле да се обидат да ги турнат Португалија или Италија во банкрот. ЕУ сега е подобро „вооружена“ против вакво нешто отколку што беше пред неколку години, но Брисел сепак не може сосема и да исклучи такви сценарија. Во секој случај, меѓутоа, ЕУ и натаму ќе и‘ дава некаква поддршка на Грција доколку таа излезе од еврозоната, зашто излез за земјата ќе значи и комплетен економски крах. Сеедно дали Грција потоа би била дел од ЕУ или не, Унијата ќе мора да помогне. Тоа пак не би било многу поевтино од останување на Грците во еврозоната.

3. Геополитичка бесмислица

Дел од променливиот Балкан, традиционален пријател на Русија, отворена порта за бегалците од Средоземјето – сето тоа Грција е веќе сега. Дали земјите членки на ЕУ сакаат навистина да турнат во изолација една таква земја, со непредвидливи геополитички последици? Одговорот лежи во семантиката на изминатите денови: многу европски политичари веќе сега „вртат“ и помошта за Грција веќе не ја образлагаат економски, туку геополитички.

4. Ципрас конечно сфати

Во Брисел има гласови кои треба да се сфатат сериозно, а велат дека средбата на лошо расположените министри за финансии во Рига била пресвртна точка. Грчкиот покер-премиер Ципрас сфатил дека веќе нема адут-карта и затоа го сменил важниот раководител на преговорите. Очигледно Тројката сега повторно има работа со луѓе кои нешто од работите и разбираат и не се занимаваат само со идеалистичко сонување среде бел ден.

5. Една унија е една унија

Ако Грција излезе од монтарната унија, таа веќе нема да биде вистински сојуз. Барем во психолошка смисла таа тогаш ќе дава чувство дека се работи за асоцијација на валутни курсеви. Стимулансот за уште потесно економско, а пред се‘ политичко поврзување, би бил многу ослабен. Со тоа би и‘ се нанесол тежок удар на европската идеја од изминатите децении. Тоа оние со голема „тежина“ во ЕУ ќе се обидат да го спречат со сите средства.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико