Правдико

   

Пет судии обвинети од СЈО останаа без имунитет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет на довчасовна седница затворена за јавност, донесе одлука да им го одзеде имунитетот на петмина судии. Неофицијално, станува збор за управни судии обвинети за злоупотреба на службената положба во предметот „Титаник 2“ кој го отвори СЈО во февруари.

 

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, не сакаше да одговори на прашањата од Макфакс на колку судии им бил одземен имунитетот и кои се нивните имиња. Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи.

Пред неколку дена, кривичната судијка Верка Петковска побарала од Судскиот совет мислење за тоа како да постапи по прашањето на судискиот имунитет на кој се повикуваат петтемина судии од Управниот суд, а за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинение за сторена злоупотреба на службена должност и овластување во случајот „Титаник 2“.

Во февруари, оваа година, СЈО поведе истрага за пет судии на Управниот суд и четворица членови на ДИК, поради злоупотреба на службената должност уште во 2013 година. Во постапката за изборна измама опфатени се и членовите на општинската изборна комисија во Чаир.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико