Пет земји на ЕУ го продолжија надзорот на шенгенските граници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пет земји на Европската унија (ЕУ) ја продолжија привремената контрола на внатрешните граници на шенгенскиот простор „поради вонредни околности кои и натаму постојат“, поради неконтролираниот прилив на мигранти од Турција во Грција и целата ЕУ преку Србија и Македонија, а во последно време и преку Бугарија, пренесуваат светските агенции.
Такви одлуки донесоа владите на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка на основа на препораките на Европската комисија која утврдила дека „вонредните околности“ наложуваат продолжуваат проверка на пасошите и идентитетот на патниците, како и на внатрешните шенгенските граници.
Мерките ќе стапат на сила од 12-ти ноември годинава и ќе трае три месеци додека повторно не се процени дали е потребно ново продолжување на внатрешната шенгенска контрола. Лидерите на ЕУ минатата недела ја повторија решителноста дека неконтролираниот прилив на мигранти во Европа целосно не се сопре и со времено решение внатрешниот шенгенски простор без граници да се усогласи со новите околности. Тие исто така побараа итно да се воспостави јака европска крајбрежна стража и да се заштитат надворешните граници.
Извор:Макфакс