Петиција: Енергија со долг рок | Правдико

Правдико

   

Петиција: Енергија со долг рок

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

banner4Со својот својот потпис дадете поддршка за поголема енергетска ефикасност, намалување на корупцијата во секторот енергетика и доследна имплементација на целите на Европската унија за клима и енергија.

 

Петицијата (македонски): http://analyticamk.org/en/events/506-petition-macedoniann

Петицијата (албански): http://analyticamk.org/en/events/505-petition-albanian

Како дел од повеќе-годишниот проект: “Стратегија за одржлива енергија на Југоисточна Европа„ Аналитика тинк тенк, Еко-свест и Фронт 21/42 ги повикуваат македонските граѓани да ја потпишат петицијата за поттикнување на македонската влада, владите на земјите од Југоисточна Европа, како и Европската комисија, без одлагање, да го сторат тоа што можат и треба:

Повеќе да инвестираат во енергетска ефикасност во домовите, со што ќе се помогне да се намали сумата на сметките за електрична енергија кои ја плаќаат граѓаните!

Да се ​​елиминира корупцијата во енергетскиот сектор, преку спроведување на истраги и судења кај случаите на корупција, што ќе поттикне нови и одговорни инвеститори!

Да се донесат и исполнат целите за клима поставени од страна на Европската унија, со нејзини финансии и поддршка!

Една работа треба да биде јасна дури и без пристапувањето кон ЕУ: која било влада што го сака најдоброто за своите граѓани, за нивното здравје, како и за економијата, ќе биде за спроведување на овие мерки, без одлагање.

Препорачуваме

Партнери на Правдико