Петиција на движењето „За чист воздух“ | Правдико

Правдико

   

Петиција на движењето „За чист воздух“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Движењето „За чист воздух“ отвори петиција за собирање потписи бидејќи, како што велат, сакаат да се спротивстават на игнорантскиот став на надлежните кон воздухот што го дишат граѓаните на Република Македонија.

protest-protiv-zagaduvanjeto-6

„Состојбата со нечистиот воздух во државата, од ден на ден станува сè поалармантна. Секој ден сме сведоци на сè поголем број болни деца од респираторни болести, a смртните случаи не се исклучок, за жал. Но, градските власти како да имаат поголеми приоритети од тоа да им обезбедат здрав живот на своите сограѓани и на нивните деца“, велат од движењето.

Оттаму додаваат дека оваа петиција е создадена како последна шанса за да се издејствува институционалната битка за почист воздух, да се обезбеди поквалитетен живот и да се намали смртноста од аерозагадувањето.

„Апелираме до Владата да се откријат деталите за причините за загадувањето, со констатација дека Министерството за животна средина и просторно планирање сè уште нема излезено со веродостојни податоци околу причинителите на аерозагадувањето. Без овие информации ветувањата од надлежните дека проблемот ќе биде решен, најверојатно нема да ја доживеат својата реализација“, додаваат од движењето.

Извор: Мета

Партнери на Правдико