Петиција против екстрадиција на Асанж во САД | Правдико

Правдико

   

Петиција против екстрадиција на Асанж во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Репортери без граници“ иницираа петиција против екстрадиција на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на САД. Иницијативата следува само неколку дена пред сослушувањето пред судот во Лондон.

Организацијата ја повика владата на Велика Британија во постапувањето кон Асанж во прв план да ги стави слободата на изразување и одбраната на новинарството и да дејствува во согласност со британското право и обврските што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право.

Во соопштението на „Репортери без граници“ се потсетува дека Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор поради обвиненија во врска со објавување и обезбедување информации за други новинари, кои служеле на јавниот интерес.

Во тек е потпишување електронска петиција на интернет-страницата „Репортери без граници“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико