Петмина македонски државјани протерани од Италија поради ширење радикален ислам | Правдико

Правдико

   

Петмина македонски државјани протерани од Италија поради ширење радикален ислам

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Петмина македонски државјани, кои подолг период живееле во Италија, се протерани од земјата поради поддршка на Исламска држава, нејзините активности и терористички напади, поттикнување на џихад и поради врски со радикални исламски свештени лица од Балканот, јавуваат италијанските медиуми.

82349740_138884468

Станува збор за четворица мажи и за една жена, членови на едно семејство, на возраст од 28 до 52 години. Тие, според пишувањата на италијанските медиуми, се протерани со декрет на министерот за внатрешни работи, Анџелино Алфано, поради опасност по националната безбедност.

Според италијанскиот весник „Ла Република“, полицијата пред две години почнала истрага против македонските државјани, откако тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ почнале да објавуваат видеосодржини и документи со поддршка за Исламска држава.

Против македонските државјани, пренесува весникот, имало и барања за кривичен прогон, но правосуните органи во Италија донеле одлука дека прибраните докази не се доволни за поднесување обвинение, по што уследила одлуката за нивно протерување, како превентивна мерка.

Инаку, петтемина македонски државјани подолг период живееле во Италија и имале фирма во градежниот бизнис.

Тие, според информациите, со полициска придржуба биле качени во авион и веќе се на пат кон Македонија.

Извор: Мета

Партнери на Правдико