Правдико

   

Петмина полицајци убиени во САД од снајперски оган

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден од осомничените за нападот во Далас во кој загинаа петмина полицајци, а шест беа повредени, се самоуби, додека полицијата преговараше со него да се предаде.

ap_16190137737786_wide-910e3490d94f81488271d24bb2ff9d5d15f184f6-s900-c85

Полицајците се убиени, кога врз нив е отворен оган од најмалку двајца снајперисти синоќа во Далас, во момент кога во центарот на градот се одржуваа протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција во Минесота и во Луизијана, соопшти полицијата.

Три лица се уапсени во врска со снајперскиот напад врз полицајци во Далас, а со четвртиот осомничен, кој се забарикадира во гаража во градот полицијата преговараше за да се предаде, изјави началникот на полицијата во Далас, Дејвид Браун.

Еден од тројцата уапсени доброволно се предал, откако негова фотографија била објавена од полицијата и јавноста била замолена да помогне во неговото идентификување.

За време на преговорите со четвртиот осомничен тој изјавил дека поставил бомба некаде во центарот на градот, истакна Браун.

Осомничениот исто така отворил оган кон полицајците, кои го опколиле и престрелката траела повеќе од 45 минити, додаде тој. Тој изјавил дека планира да повреди уште полициски службеници.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико