Петмина припадници на НАТО загинаа во хеликоптерска несреќа | Правдико

Правдико

   

Петмина припадници на НАТО загинаа во хеликоптерска несреќа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Воен хеликоптер на коалициските сили во Авганистан се урна вчера при слетувањето во НАТО база во Кабул, при што загинаа пет војници, а петмина се повредени.

British-sniper-in-Afghanistan-600x374

Сите загинати се припадници на силите на НАТО, но засега не се знае нивната националност.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека двајца нејзини припадници се меѓу загинатите во несреќата на хеликоптрот Пума Мк2. Во соопштението се наведува дека хеликоптерот се урнал во недела во 16.15 по локално време и дека истрагата е во тек.

Претходно, воениот портпарол, американскиот полковник Брајен Трајбус изјави дека се случил инцидент, при што хеликоптерот закачил сајла која држела балон за набљудување и оти балонот се откачил од врската.

Според авганистански очевидец, сајлата се замотала околу роторот на хеликоптерот, кој потоа се урнал.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико