Правдико

   

Петмина приведени поради марихуана во неколку акции во Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ја лишиле од слобода М.Л.(36) од Скопје, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Карпош била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 19:15 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит-пазар го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Во текот на члерашниот ден во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. Михаил Чаков ги лишиле од слобода и А.Г.(26) и А.П.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Вчера во 12:00 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода И.П.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико