Петмина уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор | Правдико

Правдико

   

Петмина уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

3e1ec5943b921a4c88405d508643b513Пет лица се уапсени во Турција во врска со убиството на рускиот амбасадор во земјата, Андреј Карлов, пренесе ТАСС.

Уапсени се мајката, сестрата и таткото на напаѓачот, како и други две лица. Роднините на атентаторот од градот Сок, во западна Турција, ќе бидат доведени на распит во Анкара.

Убиецот, кој беше ликвидиран, веќе е идентификуван како Мевљут Мерт Алтинташ, полицаец, 22-годишен.

– При пукотниците беа ранети тројца турски државјани, изјави министерот за внатрешни работи, Сулејман Соилу.

Една жена веќе е пуштена од болница. Двајцата мажи пак, кои се здобиле со повреди во пределот на рацете и нозете, се задржани на лекување.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико