Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор | Правдико

Правдико

   

Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата за петмината обвинети во случајот „Ќелија“, откако тие на рочиштето, кое се одржа во понеделникот ја признаа вината за кривичните дела за кои беа обвинети, односно за регрутирање на лица и учество во паравоени формации на воените жаришта на Блискиот Исток.

Krivicen-sud-860x680

Како што соопштија од Кривичниот суд, со пресудата петмината обвинети се прогласени за виновни за делото учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, според член 322-а од Кривичниот закон и им е одредена вкупна затворска казна од 15 години и 7 месеци.

Највисока казна од 4 години и 6 месеци му е изречена на обвинетиот Иса Фуга. На Абдула Абулахи му е одредена казна затвор од 3 години и 1 месец, Ерол Рустеми доби казна од 4 години затвор, а на обвинетите Имери Мухамед и Стефан Стефановски судот им одреди по 2 години затвор.

Претходно, на рочиштето одржано на 11 март, оваа година, шесмина обвинети кои беа опфатени со истиот обвинителен акт, исто така, ја признаа вината за делата и се спогодија со обвинителството, а судот донесе пресуда врз основа на предлог-спогодба со која сите шестмина беа прогласени за виновни.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико