Петнаесет години затвор за поранешниот претседател на Јужна Кореја
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг-бак е осуден на 15 години затвор поради корупција, објави Би-би-си. Судот во Сеул го осуди под обвинија за поткуп, измама и злоупотреба на службената положба и му нареди да плати парична казна од 11,5 милијарди долари.
Експретседателот тврди дека пресудата е политички мотивирана. Тој е четвртиот поранешен лидер на Јужна Кореја кој е затворен, по неговата наследничка, која беше затворена во април.
Ли не беше присутен за време на изрекувањето на пресудата, поради лоша здравствена состојба.
Судијата рекол дека тешката казна за обвинетиот е неизбежна поради сериозноста на кривичните дела.
Извор: Макфакс