Петта година со ред се доделија стипендии од компанијата Кромберг & Шуберт | Правдико

Правдико

   

Петта година со ред се доделија стипендии од компанијата Кромберг & Шуберт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ како општествено одговорна компанија е инволвирана со свои донации и придонеси кон различни сфери од животот во Пелагонискиот регион, но како приоритет секогаш се насочува кон здравството и образованието.

Досега сме имале можност да прочитаме за различни донации остварени првенствено во болницата во Битола и здравствениот систем, како и за повеќето активности во кои ги вклучува и различните нивоа на образование.

Од основно образование со различни донации низ повеќе основни училишта, до вклучувањето во Дуалното образование во соработка со Техничкото училиште од Битола, практикантските работи и со стипендиите кои секоја година ги доделува на студентите од универзитетот „св. Климент Охридски“.

Петта година со ред, на студентите кои се запишани на техничките факултети при универзитетот, компанијата доделува стипендди со цел да ги стимулира, мотивира и да им даде основа на студентите за нивниот професионален развој да го остварат во рамките на градот Битола или на нашата држава. Покрај паричниот износ, практикантската работа е важен фактор со кој студентите се запознаваат со модерните начини на работа во една производна компанија, методите за работа кои се имплементирани во фабриката, Lean концептот според кој се одвива целокупниот производен процес како и уникатниот начин на менаџирање со фабриката која е воедно и најголемиот работодавач во државата.

Од изминатите години дел од стипендистите се одлучија нивниот професионален развој да го започнат токму во оваа компанија кои се доказ дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на компанијата, студентите и целата држава.

Се надеваме дека сѐ повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат кон поголемото добро.

Препорачуваме

Партнери на Правдико