Пијан Холанѓанец предизвикал неред во Струга
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Полициската станица Струга во утринските часови на 28 октомври бил приведен 39-годишен Холанѓанец поради тоа што пијан го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
Како што информираат од МВР, Холанѓанецот бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Макфакс