Пијан возач усмртил велосипедист во штипско | Правдико

Правдико

   

Пијан возач усмртил велосипедист во штипско

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пијан возач на „лада нива“, во неделата попладне прегазил осумдесетгодишен велосипедист, кој починал на лице место, на регионалниот пат село Аргулица, штипско.

velosipedist-pregazen-stip

Педесет и едногодишниот штипјанец кој управувал со ладата удрило во велосипедот, управуван од осумдесетгодишен негов сограѓанин.

Возачот на велосипедот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на 1,60 промили на алкохол во организмот.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико