Пијани скопјани се тепале за време на полициски час
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера, во 18.50 часот, во полиција било пријавено дека на улицата 23 Октомври во Скопје, за време на забраната за движење, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В. В. (30) и З. Н. (54).
Како што јави МВР, станува збор за двајца скопјани, кои за време на настанот биле во алкохолизирана состојба.
По документирање на случајот, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
Извор: Макфакс