Пијани тетовци лажно се претставувале како инспектори на МВР | Правдико

Правдико

   

Пијани тетовци лажно се претставувале како инспектори на МВР

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца жители на тетовско Старо Село биле приведени од тетовската полиција откако во видливо алкохолизирана состојба вооружени со пиштоли што нелегално ги поседувале и лажно претставувајќи се како инспектори во МВР побарале пијалоци и ги легитимирале гостите во угостителски објект во селото Копанце, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Лицата М.Ј.(68) и Д.С.(30), како што додаде Јосифовски, биле приведени околу два часот по полноќ, по што од М.Ј. бил одземен пиштол „Застава магнум 357“ со шест куршуми, а од Д.С. пиштол „Парабелум 9 милиметри“ со празна рамка што тие се обиделе да го фрлат под контејнер. Во нивното возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски таблици пак биле пронајдени осум чаури од испукани проектили.

– Се што е пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, додека двајцата се задржани и се работи на расветлување на случајот по што тие ќе се соочат со соодветни поднесоци, рече Јосифовски.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико