Писмото од Собранието дури вчера пристигнало кај Иванов
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од Кабинетот на претседателот на државата информираа дека вчера пристигнало писмото од Собранието со кое новоизбраниот собраниски спикер го известува Иванов за парламентарното мнозинство.
– Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”. Претседателот Иванов останува на ставот дека танаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија – велат од кабинетот.
Дополнително, во однос на определување мандат, информираа кратко дека претседателот ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика.
Од кабинетот на претседателот не појаснија кога изминуваат 10 дена за доделување на мандатот. Деновиве во јавноста се шпекулираше дека десетте дена се бројат, според едни од моментот на испраќање на писмото, според други од објавата на одлуката во Службен весник и според трети од моментот на пристигнување на писмото.
Извор: Нова Македонија