Пјонгјанг и Сеул постигнаа договор | Правдико

Правдико

   

Пјонгјанг и Сеул постигнаа договор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Vojska SKПо маратонски разговори во пограничното село Панмуњом, Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за ставање крај на тензиите кои ја загрозуваа безбедноста на Корејскиот Полуостров.

Според извештаите во медиумите, Пјонгјанг изрази жалење поради неодамнешните настани, а Сеул ќе престане да емитува пропаганда преку звучниците на границата помеѓу двете земји.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун го поздрави договорот помеѓу Јужна и Северна Кореја.

Поздравувајќи го договорот, Бан изрази надеж дека “ќе послужи како механизам за решавање на сите проблеми кои се јавуваат на Корејскиот полуостров”, објави АФП.

Договорот беше поздравен и од страна на Соединетите Американски Држави.

Двете Кореи започнаа разговори во саботата на највисоко ниво, во обид да изнајдат решенија за надминување на кризата која ги стави нивните две земји на работ на воен конфликт.

loudspeaker-south-koreaРазговорите во селото Панмуњом на границата на двете земји започна веднаш по истекот на крајниот рок кој Пјонгјанг го одреди за Сеул да престане со емитување пропаганда преку границата, заканувајќи се дека во спротивно ќе се соочи со воена акција.

Кризата на полуостровот почна со неодамнешната експлозија на мини на границата, кога беа повредени двајца јужнокорејски војници.

Обвинувајќи го Пјонгјанг за инцидентот, Сеул се спротивстави со вклучувајќи гигантски звучници на границата и емитуваше громогласни пропагандни пораки.

По наредба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, народна армија на Северна Кореја (КПА) беше “целосна вооружена, и спремна за војна” .

Препорачуваме

Партнери на Правдико