Планот на Трамп за борба против Исламската држава | Правдико

Правдико

   

Планот на Трамп за борба против Исламската држава

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rs_560x415-150616092441-1024.Donald-Trump-Runs-President.jl.061615Доналд Трамп, еден од 17-те кандидати кој е во трка на изборот за претседател на САД во 2016 година, ја претстави својата стратегија за борба против исламската држава, која вклучува испраќање војници во областа и преземање на нафтените постројки кои се главен извор на финансирање на џихадистите.

Американскиот милијардер и еден од кандидатите  за претседател на САД  вели дека е најважно на џихадистите да им се одзеде контролата на нафтените постројки, пренесува Танјуг.

“Дозволете ми да ви кажам што јас би сторил. Тие имаат многу пари, бидејќи имаат нафта, многу нафта. Јас жестоко би го нападнал секое место каде што тие имаат нафта и би испратил  војници во областа”, изјави Трамп во изјавата за МСНБЦ.

Така, џихадистите ќе им се прекине главниот извор на финансирање. Трамп како втор извор на финансирање ги посочи банките.

“Парите одат преку саудиски и други банки. Тоа мора да се спречи. Јас би го уништил примарниот извор на нивното богатство, а тоа е нафтата”, вели Трамп.

Препорачуваме

Партнери на Правдико