Платформата за родова еднаквост бара поголема вклученост на жените на изборите | Правдико

Правдико

   

Платформата за родова еднаквост бара поголема вклученост на жените на изборите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидати за локалните избори да се заложат за родова балансираност.

Од таму потсетуваат дека во 1996 и во 2009 година ниту една жена не била избрана за градоначалничка, а на последните локални избори, во 2013 година, биле избрани 19 пати повеќе градоначалници отколку градоначалнички (76 мажи наспроти четири жени).

„Наспроти декларативните заложби, потсетуваме дека во составот на новата влада само на четири министерски позиции се жени. Од вкупно 67 именувани функционери и директори, вршители на должност на органи и на државни управи што се во надлежност на Владата, само пет се жени. Бараме од политичките партии родова балансираност на кандидатските листи на локалните избори и на сите следни избори, како клучен услов за поголема застапеност на жени на политичките функции, а со тоа и во рамноправното застапување на интересите на сите граѓани во земјата. Време е за 50:50“, се вели во соопштението на Платформата за родова еднаквост.

Во него се додава дека во предизборната програма на СДСМ, едно од ветувањата е зголемување на квотите за учество на жените во политиката за да се достигне сооднос 50:50 во 2020 година.

„Дополнително, во програмата на Владата за 2017- 2020 година се истакнува дека Владата ќе води политика на унапредување на правата на жените и зголемување на нивното учество во политичкиот, економскиот и во јавниот живот, како и воспоставување на посебно владино тело за родова рамноправност кое ќе се грижи за имплементација на родовата перспектива во креирање на политиките и на буџетите“, се додава во соопштението.

Извор:Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико