Правдико

   

По 20 години полицијата уапси убиец на момче од Холандија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Човек осомничен за убиство на холандско момче пред дваесет години е уапсен во Шпанија, објави холандската полиција во неделата вечер.

Момчето Ники Верстапен (11) исчезнало од детски камп ноќта меѓу 9. и 10. август 1998 година во провинцијата Лимбург, на југот на Холандија.

Летниот камп се одржувал во природен резерват, во близина на границата со Германија. Телото на момчето, сексуално злоставено пред да биде убиено, било откриенo следната вечер.

Осомничениот убиец на возраст од 55-години последен пат бил виден во Франција. Работел со извидници и е експерт за преживување во природа, а во североисточниот дел на Франција имал мала колиба.

Холандските инспектори објавија дека го пронашле осомничениот кого локалните медиуми го идентификувале као Јос Брех.

„Јос Б. (55), осомничен за смртта на Ники Верстапен, беше уапсен во Шпанија во неделата попладне. Уапсениот ќе биде екстрадиран во Холандија“, рече полицијата во Лимбург.

Јос Б. потекнува од Симпелвелд, град во јужниот дел на Холандија.

По убиството, полицијата спроведе голем претрес кој внимателно беше следен од страна на медиумите и холандската јавност, но убиецот никогаш не беше пронајден.

Во февруари годинава, полицијата во Лимбург ја започна најголемата потрага врз основа на ДНК примероци, во историјата на Холандија.

Дури 21 500 машки лица на возраст од 15 до 75 биле повикани да дадат ДНК примероци на шест локации.

Извор: Макфакс 

Партнери на Правдико