Правдико

   

По 20 години затвор, со ДНК метода ослободен осуденик за убиство и силување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Примената на револуционерната ДНК метода во потрагата по роднини, ослободи Американец од затвор, кој беше осуден за убиство извршено пред повеќе децении. Кристофер Тап (43) отслужил 20 години затвор од 30-годишната казна за силување и убиство на Енџи Доџ во 1996 година.

Судот во Ајдахо ја поништил пресудата на основа на доказите кои се резултат на „генетска генеалогија“ – техника со која е извршено ДНК споредување со далечни роднини.

„Тоа е нов живот, нов почеток, нов свет за мене и ќе уживам во секој ден“ рекол Тап на крајот од рочиштето.

Неговото ослободување следи откако полицијата во јули го уапсила другиот осомничен, Брајан Дрипс, кој бил идентификуван со новата технологија, а кој ја признал вината за злосторството.

Генетичката генеалогија стана популарна во октомври минатата година, кога со нејзина помош беше идентификуван „Голден стејт убиецот“ во Калифорнија, кој се сомничеше за 12 убиства и над 50 силувања кои почнале во средината на 1970-те.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико