По 8 и 6 години затвор за шверцери на луѓе во Црна Гора | Правдико

Правдико

   

По 8 и 6 години затвор за шверцери на луѓе во Црна Гора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црногорскиот суд осуди четворица шверцери на луѓе поради смртта на 35 Роми при нивниот транспорт за Италија во 1999 година, јавија агенциите.

Ромите, кои бегале од војната во Косово, биле качени на брод, кој се превртел во водите покрај црногорскиот град Будва.

Еден од обвинетите е осуден на осум години затвор, а други двајца добија по шест години. Четвртиот обвинет, кој е во бегство, беше осуден во отсуство, а други двајца се ослободени од обвиненијата поради недостиг на докази.

Половината, од вкупно 70 Роми во чамецот, регистриран само за шест патници, како и две лица од екипажот загинаа во инцидентот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико