По бурната расправа договорот CETА доби зелено светло во ЕП
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќето застапници во Европскиот парламент, во средата по бурната седница го поддржаа ратификувањето на договорот за слободна трговија на Европската унија со Канада, односно Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), меѓутоа решително спротиставување на договорот искажаа претставниците на Зелените, крајно левите и на крајно десните пратенички групи.
По тричасовната дебата, за CETA гласаа 480 пратеници, додека 245 изразија противење, а 33 беа воздржани, Поддршка на договорот дадоа три од четирите големи пратенички групи во Европскиот парламент, Европската народна партија (EPP), либералите ALDE и конзервативците ECR, додека дел од социјалдемократите S&D беа против.
Договорот CETA би требало да ја зголеми размената на услугите, стоките и вложувањата меѓу Канада и ЕУ и да ги укине речиси сите царини во трговијата меѓу двете странич.
Најжестоки противници на договорот се зелените, крајно левите и крајно десните пратеници, Противниците на CETА на гласањето дојдоа со транспарентите „Луѓето пред профитот. Да ја запреме CETA“.
Европската комесарка за трговија, Сесилија Малстром, за договорот рече дека „претставува голема економска и геополитичка шанса“, а на пратениците им порача дека во него „се наоѓа сето она што со години го бараа, од заштитата на работничките права до заштитата на природната околина“, ветувајќи дека ЕУ „нема да ги намали постојните стандарди“.
„Овој договор ќе ни овозможи да ја искористиме оваа економска и геополитичка шанса којашто ни се укажува. Ќе ја зајакнеме нашата заштита во социјална смисла и ќе покаже да трговијата и вредностите одат рака под рака“, рече Малстром и порача дека во неа нема ништо што некоја општина или земја би ја присилила на приватизација.
„Ние нема да ги намалиле стандардите, нема да ги казнуваме владите кои носат прописи кои ги штитат нивните граѓани. Она што постои, што сега е забрането, ќе биде и натаму забрането и оваа заедничка комисија нема да ги менува приписите“, додаде еврокомесарката за трговија.
„Имаат силен јавен сектор и навистина со нас сакаат да соработуваат за оваа глобализација да ја оформат (…) за да имаме силни меѓународни правила, како и за да се почитува мандатот кој го добивме од земјите членки во Европската комисија“, рече Малстром. За оцените на некои пратеници од пратеничката група Европа на слободата и демократијата кои договорот го нарекоа „прикриен државен удар“ рече дека „отидоа предалеку“.
Известителот на Европскиот парламент за CETA, Артис Пабрикс на почетокот од расправата рече дека „наместо протекционизам и стагнација, со усвојувањето на CETA избираме отвореност и економски раст“, нарекувајќи ја Канада „сојузник на кој може да се смета“. „CETA ќе биде светилник за идните трговски договори ширум светот“, додаде Пабрикс.
На крајот од расправата им се заблагодари на сите известители во смени на „квалитетниот догово“, и во кусото обраќање се наврти на „крајно десните и крајно левите пратеници кои во овој дом се обединети против сето она што е позитивно и добро за Европската унија“.
„Ако некој укинува работни места и им го одзема богатството на луѓето во Европа и ги поткопува самите темели на националните држави на ЕУ, погледајте ги овие радикали на двете страни, тие се виновни за тоа“, рече Пабрикс и ги повика пратениците да не ги слушаат „алтернативните факти одлево и десно“, туку правилно да гласаа. „Ова е вистинскиот глас за ЕУ и земјите членки“, порача Пабрикс.
Иако пратеникот на Зелените Јаник Жадот пред парламентарната група на Зелените го отфрли договорот оценувајќи го како продолжување на „процесот на дерегулација“, а протагонистите на преговорите ги обвини за врски со мултинационалните компании, неколку пратеници на Зелените го поддржаа договорот.
По ратификацијата во Европскиот парламент, треба да го ратификуваат и националните и регионалните парламенти на земјите членки на ЕУ, но неговата привремена примена ќе може да започне веќе во април годинава. Привремената примена ги исклучува спорните одредби, како онаа за арбитража за инвестициските спорови.
Преговорите за CETA се водеа од 2009 година, а завршија во август 2014 година. Договорот во октомври 016 година го потпишаа во името на ЕУ, претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск односно Жан-Клод Јункер, како и словачкиот премиер Роберт Фицо чијашто земја тогаш претседаваше со ЕУ. Од канадска страна договорот го потпиша премиерот Џастин Турдо кој во четврток треба да им се обрати на пратениците во Европскиот парламент.
CETA ќе укине околу 98 отсто од царините на стоки и услуги, а исто така, обезбедува и заемно признавање на сертификатите за низа производи. Канада ќе ги отвори своите пазари за јавни набавки на сојузно и на локално ниво, з да се осигури симетричен пристап на пазарот.
Во преговорите ЕУ тврди дека ја обезбедила заштитата за повеќе од 140 европски ознаки за заштитено географски потекло за храна и пијалаци кои се продаваат на канадскиот пазар. Во договор се вклучени одредби за одржливиот развој за да се зачуваат општествените и стандардите за заштита на природната околина и да се обезбеди трговијата и вложувањата да бидат од полза на двете страни, наведува Европскиот парламент.
За да се ублажат стравувањата на граѓаните дека договорот ќе им даде преголема моќ на мултинационалните компании и дека владите нема да можат со законите да ги штитат, на пример, здравјето и околината, ЕУ и Канада во преамбулата на договорот и во заедничка изјава им го признаваат правото на државите на законска регулација.
Постојаниот арбитражен суд, кој го предвидува CETA, ќе има 15 професионални судии кои ќе ги именуваат ЕУ и Канада. Сите расправи на тој суд ќе бидат јавни и ќе постои можност да се поднесуваат жалби.
CETA е првиот трговски договор кој ЕУ го склучува со една од земјите од групата индустриски најразвиени земји и најсилни светски економии Г7, и најдалекусежниот трговски договор кој ЕУ го случила досега.
Поборниците на договорот тврдат дека CETA ќе ја зголеми размената меѓу партнерите за 20 отсто и ќе го поттикне растот на двете економии. За Канада договорот е важен и поради тоа што ја намалува нејзината зависност од САД, кои се нејзиниот главен извозен пазар.
Противниците на договорот изразуваат стравувања дека им овозможува на мултинационалните компании да ги тужат државите членки на ЕУ пред меѓународните арбитражни судови кога владите ќе донесат одлуки во позла на интересите на домашните јавности, а на штета на тие компанија, па така ќе го заобиколуваат националните судови. CETA, сметаат критичарите, така би можела во името на профитот на големите компании да ги наруши стандардите на јавните услуги и заштитата на природната околина кои се повисоки во ЕУ.
Потпишувањето на договорот беше предвидено за 27-ми октомври лани, но беше одложено бидејќи недостасуваше согласноста од сите земји членки на Европската унија. Белгија не можеше да даде согласност поради противењето на франкофонскиот регион Валонија, кој бараше дополнителни гаранции за заштита на своите земјоделски производи и заштита од надмоќта на мултинационалните компании во можните инвестициски спорови со државите членки на ЕУ.
Разни граѓански здруженија во Холандија повикуваат на референдум, за граѓаните да одлучат дали парламентот ќе го ратификува договорот CETA. Со петицијата покрената во октомври 2015 година се собрани веќе 190.000 потписи од 300.000 потребни за распишување референдум. Организаторите на петицијата против CETA тврдат дека не се евроскептици, туку оти веруваат дека Европа мора да биде подемократична.
Доколку потребните 300.000 потписи бидат собрани, референдумот ќе биде организиран за неколку месеци, но сигурно не пред парламентарните избори предвидена за март 2017 година.
Противниците на договорот обединети во граѓанската иницијатива „STOP TTIP & CETA“ во понеделникот во Стразбур на Европскиот парламент му предадоа петиција против склучувањето на договорите, која собра повеќе од три милиона потписи на граѓани од сите земји од ЕУ.
Во средата противниците на договорот протестираа против ратификувањето пред зградата на Европскиот парламент, но и во чамците на каналот кој ја опкружува зградата на парламентот. Неколку стотици демонстранти носејќи транспаренти и извикувајќи пароли против договорот, го блокираа влезот во зградата, но немаше инциденти.
Извор: Макфакс