По две и пол години затвор за двајцата штипјани што тепаа девојка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На двајцата штипјани, кои брутално натепаа девојка, судот им изрече казна затвор од по две години и шест месеци. Пресудата е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова кога двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште.
Правната разрешница на насилството што се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани, кои сега се осудени.
Тие беа гонети за кривично дело насилство, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.
Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи, ги идентификува насилниците и ги приведе.
Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.
Извор: Макфакс