По изборот на Специјалниот обвинител, следи избор на нови министри | Правдико

Правдико

   

По изборот на Специјалниот обвинител, следи избор на нови министри

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со изборот на специјален јавен обвинител се испочитува уште една обврска од договорот за надминување на политичката криза во Македонија. Претходно согласно договореното, опозицијата предводена од СДСМ на 1 септември се врати во Собранието на Република Македонија.

fa9e0cee-5647-4984-91c9-83b3e3b6927a-a7915e10-2c2b-4069-808f-439dec82fec4-office_design_resize

Со Договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година.

На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори. Предвидено е на 20 октомври да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ.

Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација.

Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

Проценките во политички кругови се дека рекомпонирањето на извршната власт ќе оди многу полесно од договарањата за Специјалниот обвинител, бидејќи во овој случај партиите не треба да бараат консензус за своите кандидати за министерските и заменичките функции.

Единствено СДСМ треба да се консултира со владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу предлогот за нов министер за внатрешни работи.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико