По лекарската контрола на Боки 13, „Рекет“ продолжи | Правдико

Правдико

   

По лекарската контрола на Боки 13, „Рекет“ продолжи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По еден час пауза во која лекарите го прегледуваа првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски- Боки 13 денешното рочиште продолжи. Лекарите утврдија дека тој можел да го следи судењето. До ова дојде откако во почетокот на рочиштето, адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски рече дека неговиот клиент од здравствени причини не може да го следи судењето.

По извршениот преглед судијката Васка Николовска-Масевска го прочита извесувањето од Клиниката на гастроентерохепатологија во кое е наведено дека Јовановски имал хроничен гастритис и оти малигни материјали не биле најдени, по што рече дека судењето ќе продолжи. Боки 13 на ова реагираше со повишен тон, велејќи дека се врши тортура врз него и оти не бил прегледан од комисија доктори.

Судењето продолжи со презентирање на материјални докази од страна на Обвинителството. Беше презентирано дека Боки 13 преку Ватсап комуницирал со лицето Васе за случајот ,,Империја”. Тие разменувале информаци и слики за судската постапка. Обвинителство презентираше и скриншот од комуникација меѓу Боки 13 и Дејан Панделески од „Пелистерка“.

Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, прво осомничениот Јовановски и Зоран Милевски. Според обвинението тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Јордан Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.

Извор Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико