По повеќе од една година избрани претседатели на судовите во внатрешноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судскиот совет по повеќе од една година од огласот, избра претседатели во 14 основни судови низ Македонија и 22 судии поротници во Основниот суд Скопје 1.
На денешната седница, советот не избра претседател на Апелациониот суд во Скопје, каде подолго време на оваа функција има вршител на должност.
Првиот човек на судскиот совет не сакаше да коментира зошто толку време не беа избрани претседатели на судовите, бидејќи тој на функцијата е само еден месец.
Ушковски потврди дека својата кандидатура ја повлекол Ѓоко Радојков, а во гевгелискиот суд е избран судија кој има неполна година до истек на мандатот
Извор: 24Вести