Правдико

   

По повеќе од половина век пишан историскиот мировен договор во Колумбија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kolumbija колумбија miroven dogovorКолумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и водачот на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK) Родриго Лондонo Ечевери наречен Тимоченко, го потпишаа во понеделникот во колумбискиот град Картахена историсиот мировен договор со кој формално е завршен вооружениот конфликт кој трае веќе 52 години и во кој загинале најмалку 260.000 луѓе, 45.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени.

Телевизијата Telesur директно ја пренесуваше церемонијата на склучувањето на мир од Картахена, град на брегот од Карипското Море. Шеесет и петгодишниот Сантос и 57-годишниот Тимоченко (Тимошенко) го потпишаа договор со специјални пенкала направени од патрони. Како што кажа претходно колумбискиот претседател, тоа го симболизира преминот од насилството кон создавањето нова иднина за земјата.

По четирите години мировни преговори водени во кубанската престолнина Хавана, двајцата челници се ракуваа првпат на колумбиска почва пред стотици официјални претставници.

Пред свеченоста, Сантос потпишувањето на договорот го нарече „нов ден за Колумбија, нова етапа од нејзината историја, историја на земјата во којашто владее мир“, Конгресот на FARC, кој се одржуваше минатата седмица во Ел Диаманте, во центарот на Кагуан, историското упориште на бунтот, објави од своја страна дека „завршува војната со оружје, а започнува расправата со идеи“.

За да стапи на сила, мировниот договор уште треба на 2-ри октомври да го потврдат гласачите во Колумбија. Според последните испитувања на јавното мнение, 62 отсто од Колумбијците го поддржуваат договорот, а 25 отсто се против неговото потпишување.

Мировниот договор, кој има речиси 300 страници, е објавен, така што Колумбијците можат да го проучат пред да гласаат. Тие на 2-ри октомври ќе одговараат со „да“ или „не“ на прашањето: „Го поддржувате ли договорот кој ќе го прекине вооружениот судир и ќе овозможува изградба на стабилна и трајна нација?“.

Меѓу присутните на потпишувањето на договорот беа и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, американскиот државен секретар Џон Кери, кубанскиот претседател Раул Кастро и уште десетици шефови на држави, главно од регионот.

За да ја покаже својата поддршка за договорот, Европската унија во понеделникот ја симна FARC од својот список терористички организации. Кери изјави дека Вашингтон, исто така, размислува за случен потег, и вети 390 милиони долари за Колумбија за да се поддржи мировниот процес. „Секој може да земе оружје, да разнесува работи, да повредува други луѓе, но тоа не нé води никаде…, за да се постигне мир треба напорно да се работи“, рече Кери, пренесува Reuters.

Претставниците на двете конфронтирани страни го финализираа договорот на 24-ти август во Хавана, по речиси четири години преговори. Договорот вклучува одредби за трансформирање на FARC во политичка партија, формирање суд за воени злосторства, реформи во руралниот сектор и реинтеграција на демобилизираните герилци во цивилниот живот.

Во следната половина година, околу осум илјади преостанати борци на FARC ќе бидат разместени во 23 региони во земјата каде што ќе го предадат оружјето во процесот кој ќе го надгледуваат Обединетите нации.

Но и покрај олеснувањето ширум Колумбија поради завршувањето на крвопролевањата и грабнувањата кои се случуваа последните децении, договорот предизвика и поделби во четвртата по големина јужноамериканска економија, Некои, вклучително и поранешниот поранешен претседател Алваро Урибе, кому му се припишува успехот во борбата против оваа пaравојска и лиј татко во 1983 година беше киднапиран и убиен од оваа организација, се огорчени од тоа што договорот им дозволува на бунтовниците да влезат во колумбискиот конгрес а да не отслужат затворска казна.

Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанската војна. Неговата политика доби значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД.

Според договорот, FARC до 2018 година ќе има претставници во конгресот, но без право на глас, а потоа до 2026 година ќе има десет претставници со право на глас, без разлика на изборните резултати/

Се оценува дека овој договор без преседан претставува важно придвижување кон помирувањето меѓу колумбиската влада и марксистичкото милитантно движење FARC, најголемата бунтовничка група во оваа земја. Од почетокот на мировните преговори во кубанската престолнина Хавана во ноември 2012 година, преговарачите се договорија околу клучните прашања, како што е учеството на бунтовниците во политичкиот живот, правото на земја, криумчарењето наркотици и трансформацијата на правосудството во земјата. Владата веќе педесет години се обидува да го реши вооружениот судир кој се проценува дека од 1964 година е најдолготрајниот вооружен судир на западната хемисфера.

Ова група е најголемата од бунтовничките во Колумбија и најстара во Латинска Америка, којашто официјално има околу осум илјади борци, главно повлечени во руралните области. Герилата во 2012 година вети дека нема да грабнува цивили и да бара откупнина, но не се откажуваше од грабнувањето полицајци и војници кои ги смета за воени заробеници.

Инаку, двете колумбиски герилски движење FARC и ELN, прогласија прекин на борбените дејствија од 20-ти до 28-ми мај 2014-та, пред одржувањето на претседателските избори на 25-ти мај таа година.

Досега од почетокот на преговорите FARC во два наврата еднострано прогласуваше примирје и повеќепати без успех бараше од владата и таа да прогласи примирје. На почетокот од годинава беше објавено третото примирје што го прогласија Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK), но е прво коешто го прифати и втората по големина бунтовничка групација во Колумбија.

Претставници на колумбиската влада и на FARK на 19-ти ноември 2012 година на Куба започнаа преговори за ставање крај на речиси конфликтот. Досега беа одржани девет круга на преговорите а во мај 2013 година беше постигнат договор со кој се повикува на економски и социјален развој на руралните области, а договорено е и делумна поделба на земјата на локалното население, што го решава еден од главните проблеми поради кои FARC во 1964 година го започна бунтот. Колумбиската влада се обврза да ги подобри услугите и инфраструктурата во руралните подрачја во рамките на широките напори за намалување на долгогодишните социјални и економски нееднаквости, а како едно од големите прашања беше прашањето за учеството на FARC во политичкиот живот на Колумбија.

Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 година претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илјади. Според колумбиското министерство за одбрана, во моментов бројката на борците е и до 60 отсто помала отколку во 2000 година, или приближно осум илјади борци.

Во 2008 година, FARC за кусо време загуби три од седумте високи команданти. На 1-ви март таа година во напад на колумбиската војска врз камп на FARC на територијата на Еквадор беше убиен Раул Рејес, на 7-ми март шефот на внатрешната безбедност на FARC, за награда од милион долари го уби вториот човек во раководството на герилата, Иван Риос, и на 26-ти март од срцев удар почина основачот и лидер на формацијата, 78-годишниот Мануел Маруланда.

Со смртта на почетокот од ноември 2011 година на 63-годишниот Алфонсо Кано, еден од неколкумината од кои потекна идејата за формирање на FARC и главниот идеолог на движењето, можноста за добивање поддршка од локалното население и за спротиставување на владините сили за „изградба на Нова Колумбија”, беше доведена во прашање.

Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional, ELN), пак, се проценува дека во моментов брои меѓу 2.500 и 3.000 борци. Оваа леворадикална терористичка организација е исто така формирана во 1964 година, од група студенти кои враќајќи се од студиите на Куба, сакаа во Колумбија да го увезат револуционерниот модел на „Островот на Слободата”.

Движењето го иницира студентскиот лидер Фабио Васкез, а потоа свештеникот Камило Торес, познат универзитетски професор и поборник на еднаквоста и доследен марксист, кој критички настроен кон социјалната нерамноправност во Колумбија, подоцна се приклучува, како иден поборник на теологијата на ослободувањето за спроведување на идеите во практиката, преку револуционерна борба. Тој загинал во својата прва борбена акција во напад врз патрола и стана симбол за организацијата, но и за други свештеници кои го следеа неговиот пример.

По бројните неуспеси и порази, во почетокот на 1970-те отецот Мануел Перез стана еден од челниците на ELN и остана на неговото чело до смртта во 1998 година. Перез се смета основоположник на конечната идеологија, којашто е мешавина од марксизам, геваризам и „теологија на ослободувањето”. Нејзина цел е да се надмине социјалната неправда, сиромаштијата и политичката нестабилност во традициите на христијанството и марксизмот со користење на методи на герилската војна. Во периодот меѓу 1973 и 1974 година на ELN ѝ беше нанесен тежок удар, но движењето сепак успеа да опстане.

И ELN учествуваше во разговорите за приклучување кон мировните преговори коишто до 1998 до 2002 година ги водеше владата на Андрес Пастрана со FARC, но владината иницијатива за формирање демилитаризирана зона во јужниот дел од провинцијата Боливар за ELN беше запрена под притисокот на ултрадесничарските Сили за самоодбрана на Колумбија.

Во изминатите години „ескадроните на смртта” на Урибе, како и засилените воени операции на колумбиската армија нанесоа големи порази на ELN. Кон крајот на август 2013 година претседателот Сантос објави дека е подготвен за мировни преговори со ELN, откако движењето ослободи канадски геолог кој беше во заложништво седум месеци.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико