По повод Европскиот ден на правдата, Kривичен суд Скопје организраше отворен ден на судот | Правдико

Правдико

   

По повод Европскиот ден на правдата, Kривичен суд Скопје организраше отворен ден на судот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По повод 25 – ти октомври, Европскиот ден на правдата, Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“, организраше отворен ден на судот на кој присуствуваа студeнти од ФОН универзитетот и средношколци – дел од програмата „Учиме право“ при Младинскиот образовен форум.

Студeнтите и средношколците имаа можност да се запознаат со работата на судската служба, стручните соработници, техничките услови за работа во судниците како и разговор со судија за начинот на водење на Кривичните постапки и сите предности и предизвици кои ги носи судиската финкција.

Отворениот ден на судот, е дел од заложбите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста како и соработка со невладиниот сектор, граѓанските асоциации и Правните факултети.

Денешниот настан е и повод како суд да упатиме апел до сите студенти по право да  ја искористат можноста за волонтирање и стажирање во рамки на Кривичниот суд, како место каде може да се стекнат со основното знаење и искуство за работа и градење кариера во правосудниот систем.

Препорачуваме

Партнери на Правдико