По три децении уапсен кинескиот Џек Мевосек | Правдико

Правдико

   

По три децении уапсен кинескиот Џек Мевосек

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

кинескиот Џек МевосекСерискиот убиец кој поради начинот на кој убил 11 жени е познат како „Кинескиот Џек Мевосек“, е уапсен 30 години откако го извршил првото убиство.

Гао Ченгјонг (52) признал дека во периодот од 1988 и 2002 година извршил 11 убиства во провинцијата Гансу и соседната област Внатрешна Монголија, соопшти кинеското Министерството за јавна безбедност, пренесува Daily Mail.

Ченгјонг бил уапсен во продавницата за прехранбени производи, чии сопственици биле тој и неговата сопруга, во Баијин кој се наоѓа во провинцијата каде биле убиени жените.

Гао е обвинет дека сладел млади жени облечени во црвено, кои потоа ги грабнувал, силувал и убивал. На неколку од жртвите им ги извадил репродуктивните органи. Најмладата жртва имала само осум години.

„Осумничениот е сексуално перверзна личност која мрази жени“, соопшти полицијата во 2004 година кога прв пат ги поврза сите 11 злочини и понуди награда од 200.000 јуани (30.000 долари) за информации кои ќе доведат до апсење на убиецот.

Исто така во профилот кој го објави полицијата тога, стои дека „се работи за асоцијална, но трпелива личност“.

Гао Ченгјонг бил идентификуван откако негов роднина бил ставен во куќен притвор во Баијин поради направен ситен прекршок. Анализата на неговата ДНК покажала поклопување со генетскиот материјал на убиецот.

Полицијата нема објаснување зошто убиствата престанале во 2002 година.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико