По тужбата за мобинг и кривична пријава за Владимир Панчевски | Правдико

Правдико

   

По тужбата за мобинг и кривична пријава за Владимир Панчевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По поднесената тужба за мобинг на поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, му се заканува и кривичен прогон.

pancevski

Имено, поранешниот раководител на Одделот за човечки ресурси и на стручните соработници, Горан Стаменковски, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Панчевски за две сторени кривични дела.

Кривичната пријава се однесува на кривичните дела: повреда на рамноправност и на малтретирање во службата.

Во поткрепа на пријавата е наведено дека двете кривични дела биле сторени како последица на политичка нетрпеливост кон вработениот, односно неприфаќање на неговата политичка ориентација, а што, како последица довело до негов прогон во службата.

Тужбите и пријавите против Панчевски доаѓаат во моменти кога тој очекува Судскиот совет да му даде уште еден мандат и покрај тоа што токму во времето на неговото шефување со кривичниот суд се случија серија скандали поврзани со работата на судот и потпишувања петиции како од судии, така и од стручните соработници.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико