По вторпат одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство | Правдико

Правдико

   

По вторпат одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложи седницата за распишување оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска.

До изборот на новиот шеф на скопското обвинителство,  функцијата ќе ја извршува заменикот на Гешкоска, Јован Цветановски.

Од Советот рекоа дека оваа седница ќе се одржи на 25 мај, односно за девет дена. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, во петокот во изјава за медиумите рече дека седницата ќе се одржи денеска и дека претходно била одложена од повеќе причини.

Според него, нема пречка да се врши избори и по шест месеци од огласот, а како пример кажа дека Катица Јанева како обвинител во 2010 година била избрана осум месеци по огласот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико