„Побарај совет“, интернет-платформа за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство | Правдико

Правдико

   

„Побарај совет“, интернет-платформа за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество денеска ја пушти во употреба првата интернет-платформа „Побарај совет“ за обезбедување  правна поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство.

Преку оваа платформа жените ќе добијат информации за законските можности за заштита од семејно насилство и ќе имаат можност да постават конкретни прашања за надминување на проблемот со насилството и разрешување на проблемите кои се последица на семејното насилство, како што се разводот, старателството над децата, издршката, имотните односи, наследувањето, кривичните дела поврзани со семејното насилство, можностите за итна заштита преку привремени мерки за заштита…

Платформата за правна помош содржи и посебен дел за практичарите од надлежните институции, како што се центрите за социјална работа, полицијата, Основното јавно обвинителство и судовите.

Од Здружение ЕСЕ веруваат дека платформата „Побарај совет“ ќе овозможи олеснување на пристапот до правда и разрешување на правните проблеми, преку зголемување на нивото на информираност и правно зајакнување на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на вонредна состојба.

Препорачуваме

Партнери на Правдико