Правдико

   

Побаран притвор за дилер на дрога

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека  осомничениот го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот околу 20 часот на 17 март во близина на граничниот премин Блаце заради продажба неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана.  Дрогата со вкупна тежина од 14080,8 грама била ставена во  две јутани вреќи кои осомничениот ги носел со себе.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека  ќе го повтори кривичното дело,  поради што до судија на претходна постапка при Основниот суд  Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор.

Партнери на Правдико