Побаран притвор за таксист кој превезувал дрога | Правдико

Правдико

   

Побаран притвор за таксист кој превезувал дрога

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение да сторил едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Едновремено јавниот обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел  обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

При извршен преглед на возилото на 27.01.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на ул„Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот која  неовластено заради продажба ја држел и пренесувал. Наркотичната дрога марихуана, во вкупна  нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана  во 1(едно) најлонско пакување.

Препорачуваме

Партнери на Правдико