Побарани казни за 17 прекршители на полицискиот час во Битола | Правдико

Правдико

   

Побарани казни за 17 прекршители на полицискиот час во Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во периодот од 10 до 12 април, за време на пандемија на опасна заразна болест COVID-19, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Партнери на Правдико