Побрза исплата на надоместокот на плата за време на боледување или породилно отсуство од работа | Правдико

Правдико

   

Побрза исплата на надоместокот на плата за време на боледување или породилно отсуство од работа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира за новите олеснувања за остварување на правото на исплата на боледувања и породилно отсуство, реализирани во рамките на Владиниот проект „Побрза исплата на надоместоци за боледување и породилно отсуство“.

Од 15ти март оваа година, стапија на сила измените на Законот за работни односи (Службен Весник бр. 33/2015 година) со кои се овозможува Фондот, на осигурените лица на кои им престанал договорот за вработување на определено време, да продолжи да им го исплаќа надоместокот на плата, за време на породилното отсуство.

Доколку работодавецот не им го продолжи договорот за работа, тие имаат право на надоместок од Фондот, за породилно отсуство за негово целосно времетраење. За сите нови барања за породилно отсуство поднесени од 16.03.2015 година, важат досегашните законски одредби за остварување на правото, но сега со загарантиран надоместок за лицата вработени на определено време.

Следно предвидено олеснување за осигурениците, кое е во собраниска процедура, се однесува на тоа дека Фондот ќе продолжи да го исплаќа надоместокот за боледување или породилно, без оглед кога и дали работодавецот го исплатил придонесот за здравствено осигурување за останатите вработени во фирмата. Накусо, тоа значи дека доколку осигуреникот е на боледување или породилно, Фондот стекнатото право ќе го применува целосно, за разлика од сегашното решение, кога исплата на надоместокот зависи од навремената уплата за здравствено осигурување на сите вработени.

Паралелно со законските измени, Фондот работи и на воведување на административни олеснувања во постапката за барање на надомест за боледување или породилно, кои планираме од месец мај 2015 година да може да се поднесе и електронски, преку веб порталот на Фондот. Барањето за породилно, покрај осигуреникот и работодавецот, може да го поднесат и матичниот гинеколог или здравствената установа каде е извршено породувањето.

Целта е да се скрати времето на чекање за првата исплата на породилното отсуство. Сите останати потребни документи како: извод, ИСР образец, отпусно писмо, се планира Фондот по службена должност електронски да ги добива од Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за водење на евиденција на матични книги и здравствените установи

Препорачуваме

Партнери на Правдико