Почесниот конзул на Македонија во Барселона уапсен под сомневање дека си ги убила децата | Правдико

Правдико

   

Почесниот конзул на Македонија во Барселона уапсен под сомневање дека си ги убил децата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Сезар Деус, е уапсен во Јужна Африка поради осоновано сомневање дека си ги убил двете деца, тригодишни близнаци.

Шпански „Ел Паис“ кој се повикува на информациите од полицијата во Јужна Африка, пренесува дека мајката на децата, инаку шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун. Според јужноафриканската полиција, во моментот кога мајката пристигнала во семејната вила, почесниот македонски конзул избегал со нејзиниот автомобил, но подоцна бил уапсен во Кејп Таун.

„Околностите за убиството и причината за смртта на тригодишните близнаци се уште се испитуваат“, изјави тамошниот полициски портпарол.

Медиумите јавуваат дека Деус е обвинет по две точки за убиство и за кражба на автомобил и наскоро ќе се појави во суд.

На интернет страната на МНР за Марио Сезар Деус пишува дека за почесен конзул на Македонија во Барселона е назначен на 6 декември 2012 година. Инаку тој е познат стоматолог од Барселона.

Макфакс побара информација од МНР во врска со овој немил настан. Оттаму ни одговорија дека преку амбасадата на Република Македонија во Мадрид се побарани соодветни потврди за немилиот настан од шпанските министерства за внатрешни и надворешни работи а по добивањето на истите ќе биде одлучено дали ќе му биде одземен статусот на почесен конзул на осомничениот Марио Деус.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико