Почина 46-годишна затвореничка во КПД Идризово | Правдико

Правдико

   

Почина 46-годишна затвореничка во КПД Идризово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во КПД Идризово ноќеска почина уште еден затвореник. Како што потврди за Макфакс, директорот на затворот, Живко Пејковски,станува збор за 46-годишна жена родум од Србица.

Починатата била осудена на 7 години и 11 месеци poради посредување со проституција со малолетни лица, а во КПД Идризово е на издржување на казната од февруари 2012 година.

На жената ѝ се сло[ило и била повикана Брза помош. Но, кога дошле лекарите, можеле да констатираат само смрт.

Директорот Пејковски негира дека и овој случај е резултат на лошите здравствени услови во затворите и тоа што во попладневните и ноќните часови нема лекар.
„Ова е петти случај од почетокот на годината, но Македонија сè уште се движи во рамките на европскиот просек, кој е 9,9 починати на 1000 лица.Починатата долго време беше носена по клиники и имаше долга историја на болести. Имаше респираторни проблеми,напади на жолчката. Но, вистинските причини за смртта ќе ги даде обдукцијата“.

Директорот Пројковски потврди дека денесka по објавување на веста во медиумите биле посетени од канцеларијата на nародниот правобранител.
По констатирањето на смртта на затвореничката,случајот веднаш бил пријавен во полиција, а потоа и обвинител извршил увид.Телото на починатата е во капела.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико