Почина Алит Абази, кандидатот од Кичево | Правдико

Правдико

   

Почина Алит Абази, кандидатот од Кичево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Носителот на независна кандидатска листа за локалните избори во Кичево, Алит Абази, кој беше застрелан на 27 септември, рано изутрината почина од здобиените повреди на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување.

Абази заедно со уште две лица беше застрелан на 27 септември на булеварот „Слобода“ во центарот на Кичево. Во нив со пиштол пукаше кичевецот Абдула А.

Полицијата веднаш по инцидентот го приведе напаѓачот, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена. Според досегашните сознанија, нападот немал политичка заднина туку мотивот биле меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико