Правдико

   

Почина Јордан Дескоски, поранешен претседател на Адвокатската комора на РМ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска, 22.11.2018, во Скопје на 83-годишна возраст почина Јордан Дескоски, поранешен претседател на Адвокатската комора на РМ.

Роден е на 05.03.1935 година во с. Злести – Охридско. Основното и средното образование го завршува во Охрид. Во текот на 1963/64 година се вработува како референт во Монополот во Охрид каде работи се до 1965 година, кога заминува на отслужување на воениот рок.

Во текот на 1965 година се вработува во ДОЗ – Скопје. Во 1967 година го завршува Правниот факултет во Скопје и продолжува да работи во ДОЗ – Скопје се до 18.09.1972 година кога се запишува во Именикот на адвокатите и работи како адвокат со седиште на адвокатската канцеларија во Скопје.

Во периодот на осамостојување на Република Македонија, во мај 1991 година Дескоски е избран за претседател на Претседателството на Адвокатската комора на РМ. Во мандатниот период на Дескоски, на 16 декември 1992, година во самостојна и независна македонска држава се носи првиот Закон за адвокатура. Врз основа на одлука на Адвокатската комора,  Дескоски на 6 април 1994 година ќе го најави и штрајкот на адвокатите од причина што се нарушува независноста и самостојноста на адвокатурата, а се допушта  и се толерира надриписарството. На страниците на дневниот весник „Нова Македонија“ ќе се одбележи штрајкот со насловите „Тврди адвокати“, „Некоординирана влада“, „Од денес граѓаните без правна заштита? – Адвокатите штрајкуваат“.

Како адвокат работи се до 03.02.2000 година, кога е избран за член на Републичкиот судски совет, а од 30.09.2001 година е претседател на истиот.

Се пензионира на на 01.02.2004 година. Добитник е на Благодарница на Адвокатската комора на Република Македонија  во 2001 година.

Последно испраќање на 23.11.2018 во Капелата во Бутел од 12.30 до 13.30 часот.

Партнери на Правдико