Почина навивачот што беше претепан пред 10 дена | Правдико

Правдико

   

Почина навивачот што беше претепан пред 10 дена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Н.С. (21), кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, починал утрово.

На 30 јуни Министерството за внатрешни работи соопшти, дека на 29 јуни, околу 17.30 часот, бил физички нападнат Н.С. од тогаш три непознати машки лица. Медиумите кои известуваа за случајот пишуваа дека момчето е член на навивачката група „Комити“.

По физичкиот напад лицата со возилото избегале, а Н.С. бол пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. По инцидентот, две лица беа приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

На 2 јули, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико