Почина уште еден затвореник во ,,Идризово”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесет и осумгодишен затвореник од „Идризово“ починал во затворската амбуланта откако се пожалил на болки во градите. Според полицијата, случајот е регистриран во саботата околу 16.10 часот. Затвореникот бил донесен за укажување на лекарска помош, но се струполил на земја и починал. Неговото тело е предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Од почетокот на годината, ова е трет смртен случај во најголемиот затвор во земјава. Претходно, 73-годишен маж почина на скопските клиники откако итно бил пренесен од „Идризово“, а 56-годишник, кој подолго време боледувал од карцином, почина на Клиниката за токсикологија. Во двата случаи, затворските власти тврдеа дека направиле с` што било во нивна моќ да им се помогне на осудениците.
Извор: Утрински весник