Работник починал откако врз него паднала мермерна плоча
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Работник од рудникот „Сивец“ вчера починал од повредите здобиени откако врз него паднала мермерна плоча и го потиснала.
Полицијата соопшти дека вчера околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад-Рудник, врз лицето од Прилеп, вработен во рудникот, паднала една мермерна плоча и го потиснала. Несреќата се случила при сечење на мермерни плочи.
Колегите притоа ја тргнале мермерната плоча од повредениот по што тој бил префрлен во Градската болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа ПС-Прилеп во присуство на трудов инспектор.
Извор: Нова Македонија