Починала на самото место: Прегазена жена во Струмица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесет и четиригодишна струмичанка загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на ул. „Климент Охридски“.
Според информациите на МВР, А.З. (42) утринава во 5 и 20 часот со автомобил мерцедес спринтер со струмички регистарски ознаки удрил во А.Д. (44) од Струмица, која се движела пеш.
Полицијата соопшти дека жената починала на самото место.
Возачот е приведен, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
Извор: Макфакс