Почината 80-годишна жена пронајдена во Охридско, била пријавена за исчезната | Правдико

Правдико

   

Почината 80-годишна жена пронајдена во Охридско, била пријавена за исчезната

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 19.3.2020, околу 12 часот, во СВР Охрид, жител на охридското село Велгошти пријави дека недалеку од селото, во месноста Чурила, забележал починато лице.

По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д. Н. (80) од с. Велгошти, која на 7.3.2020 била пријавена за исчезната. По извршен преглед од лекар патолог, било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико